Дефлација од 0,7 отсто регистрирана во септември

Bez autora
Oct 07 2014

Индексот на трошоците на животот, клучнот показател за движењето на инфлацијата, во септември во Македонија бележи намалување од 0,7 отсто, во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени во вторникот. Индексот на цените на мало во септември бележат намалување од 1,8 отсто на годишно ниво. Ова е втор месец по ред во које регистрирана дефлација, откако во август индексот на трошоците на живот се намалиле за 0,5 отсто. На месечно ниво индексот на трошоците на живот е непроменет, додека индексот на цените на мало се намалил за 0,5 отсто.

Дефлација од 0,7 отсто регистрирана во септемвриИндексот на трошоците на животот, клучнот показател за движењето на инфлацијата, во септември во Македонија бележи намалување од 0,7 отсто, во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени во вторникот.

Индексот на цените на мало во септември бележат намалување од 1,8 отсто на годишно ниво.

Ова е втор месец по ред во које регистрирана дефлација, откако во август индексот на трошоците на живот се намалиле за 0,5 отсто.

На месечно ниво индексот на трошоците на живот е непроменет, додека индексот на цените на мало се намалил за 0,5 отсто.

Пораст на цените во септември на месечно ниво забележан е кај маслото и маснотиите за 3,5 отсто, јајцата за 1,7 отсто, изнутриците за 0,8 отсто, конзервираните месни производи и сувото овошје за 0,6 отсто, сувомеснатите производи и преработките од млеко за 0,5 отсто, полутрајните колбасичарски производи и киселото млеко за 0,4 отсто, лебот и белите печива, свежото месо и свежото млеко за 0,2 отсто.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во септември, во споредба со претходниот месец, е забележан кај телефоните и факс апаратите за 10,4 отсто, финансиските услуги за 9,4 отсто, средствата за чистење и одржување на станот и цврстите горива за 1,3 отсто, средствата за лична хигиена за 0,6 отсто и велосипедите за 0,3 отсто.

Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите неспомнати прехранбени производи за 1,0 отсто, безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто, рибата, шеќерот, џемот, медот, чоколадите и кондиторските производи за 0,2 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 13,3 отсто, течните горива и мазива за 2,1 отсто, гасот за домаќинствата за 1,2 отсто и лековите за 1,0 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik